Најскапите аксесоари за iPhone

Злато и дијаманти, италијанска кожа и рачна изработка… Не станува збор за најновата колекција на чевли или пак накит од врвните дизајнерски имиња во светот на модата. Тоа се новите и досега најскапи аксесоари за iPhone.

Британскиот бренд Uunique неодамна на пазарот ги понуди најскапите футроли во светот изработени од дијаманти во бела и розoва боја, злато и италијанска кожа.

Оние кои нема да можат да одолеат на ваквата оригиналност ќе мора да платат околу 190 илјади фунти. Всушност, тоа е моментот кога ќе треба да одлучите дали ќе имате нов стан или пак скапоцена футрола за вашиот iPhone.

a

Новитетите во Лондон ги претстави познатата Миша Бартон којa дизајнираше неколку од додатоците за iPhone. Uunique понуди и подостапни аксесоари и тоа во бела, кафена и змиска кожа, со најразлични принтови, како и со кристали на Swarovski. Цените на поефтините аксесоари се движат од 34 до 600 фунти .

b c d e

- Реклама -