Ако случајно сте купиле куќа вредна неколку милиони долари, но не можете да се решите за изгледот на ентериерот, тогаш почнете од спалната. За уникатна куќа е потребен и уникатен кревет, како на пример овој што чини 6,4 милиони долари.
Британскиот дизајнер Стјуарт Хјуз неодамна го претстави неговиот најнов ултра-луксузен и ексклузивен кревет – Baldacchino Supreme. Во соработка со Хебанон од Фратели Базиле Интериорс, тој го создал најскапиот кревет во светот. Ќе бидат создадени само два по нарачка – за завршување на еден кревет се потребни 3 месеци.
Интимноста во овој кревет со крем боја ќе ви ја обезбедат завесите од италијанска свила. Рамката на креветот е од костен, јасен и цреша. Но, цената на овој кревет е оправдана поради огромната количина на злато. Границите на структурата се украсени со златна фолија: 107 килограми чисто злато од 24 карати. Според моменталната цена, тоа се преку пет милиони долари злато. На прв поглед креветот изгледа само како обид на креаторите да добијат малку публицитет, но тие веќе добиле една нарачка.
Инспирацијата за овој проект дошла по барањето на богат Италијанец кој побарал неверојатно декадентен кревет со кој ќе се разгали себе си. Тој контактирал со Хебанон, кои пак го побарале Стјуарт Хјуз. Стјуарт Хјуз е познат по тоа што има создадено бренд на буржуаски адаптации на секојдневни предмети, како телевизори обложени со дијаманти и iPhone од неколку милиони долари. [The World’s most expensive bed for sale]