Доколку се реализира продажбата на Ferrari 250 GTO, произведен во 1962 година, може да стане најскапиот продаден автомобил на планетава-56 милиони долари?!
Компанијата Talacrest, која е британски дилер на автомобили за марката Ferrari, понуди во продажба спортска изведба на Ferrari 250 GTO, произведена во 1962 година. Објавената цена е 45 милиони британски фунти, што е еквивалентно на околу 56 милиони долари. Ако продажбата биде остварена и некој ја плати бараната од Talacrest сума, тогаш предметното сино Ferrari ќе стане најскапиот автомобил во света.
Во текот на 1962 година овој автомобил учествувал во трката 12 часа на Себринг, каде победил во својата класа и се подредува на второто место во вкупниот пласман. Во истата година спортското купе учествувало и на трката 24 часа Ле Ман, каде ја зазема шестата позиција во крајниот пласман и повторно победи во својата категорија. Возилото е опремено со трилитарски V12 мотор, кој е со моќност од 300 коњски сили.Автомобилот забрзува од 0 до 100 km / h за 6,0 секунди, а максималната и брзина е 270 km/h. Според зборовите на шефот на Talacrest, токму тоа возило се јавува како „Светиот грал кај класичните автомобили. Досега за најскап автомобил во светот се смета друго Ferrari 250 GTO, произведено во 1963 година и продадено во 2013 за огромна сума од 52 милиони долари.