Најскапата крофна во светот е украсена со позлатени лисја, а одозгора има цвет од белгиско чоколадо, посипано со злато и јадливи дијаманти.Компанијата за производство на крофни Krispy Kreme ја претстави најскапата крофна во светот во вредност од 1000 фунти во Велика Британија. Слаткото искушение е создадено по повод националната недела на крофна – добротворна иницијатива за прибирање средства за британските деца.
Правењето на крофната трае 3 дена. Дел од состојките се желе со малина од шампањ и крем од специјално француско вино. Завршетокот е од овошна глазура, посеан со јадливо 23-каратно злато. Крофната е украсена со лотос боја, мали цветови, гранчиња бршлен и бело белгиско чоколадо. Сето ова е посеано со јадливи дијаманти. Кремот на крофните е од овошен сируп, 500-годишен коњак и шампањ.