Најскандалозните насловни на списанија

Можеби како прва  скандалозна насловна на списание може да се земе изданието на TIME Magazine, од  1939 година, кога истото го стави на насловната страна  Адолф Хитлер  како свири на клавир во катедрала, додека околу него висат тела, а нацистички офицери стојат и го гледаат. Списанието потоа требаше да се оправдува со децении.

За разлика од тогаш, денес скандалозната корица често е баран ефект, бидејќи е добра реклама.

Понекогаш е тешко да се каже што е безобразно, со намера или пак е  недоразбирање. Погледнете 10 од најскандалозните корици на списанија:

10. Playboy, октомври 1971 година – првата црна жена на корица1skandal

Дарин Стерн е првото зајаче  од афро-американско потекло. Во 1971 година оваа гола слика била крајно провокативна.

9. Esquire, април 1968 година – Мохамед Али како маченик

2skandal

Списанието излезе со корица на која е  Мохамед Али со заглавени стрели, по примерот на сликата на Маченик Св. Себастијан. Во тоа време Али бил во  центарот на голем скандал, откако му била  одземена титулата во тешка категорија бокс, поради тоа што одбил да и служи на армијата на САД, поради  верски причини. Во тоа време ваквиот став бил  казнив со закон. На Али подоцна  му била одземена и лиценцата за натпреварувач.

8. Vibe, 1995 година – групата TLC

3skandal

На самата слика нема ништо скандалозно, но таа е силно критикувана, бидејќи кога излегува бројот, Лиса Лопез е под истрага под обвинение дека ја запалила куќата во која живеела со своето момче додека била пијана.

7. Vogue, април 2008 година – Леброн Џејмс и Жизел Бундхен

4skandal

Оваа слика на Џејмс и Бундхен беше етикетирана како  расистичка, поради жестокиот израз на кошаркарот. Од списанието рекоа дека ги избрале двајцата, бидејќи имале професионални достигнувања во својата област.

6. Dazed & Confused, септември 2012 година – Азалија  Бенкс дува кондом

5skandal

Овој број беше забранет во 7 земји.

5.  Fangoria – Убиец со глава на свиња и крвава пила

6skandal

Се работи за списание за хорор филмови. Сликата сепак беше прифатена  како премногу агресивна  и оценета дека поттикнува насилство.

4. Dossier, мај 2011 година – Андреј Пејиќ без горна облека

7skandal

Сликата на транссексуалецот и  модел Андреј Пејиќ предизвикала бурни реакции, бидејќи изгледа како слика на гола жена.

3. Q Magazine, април 2010 година – Лејди Гага

8skandal

Причината е дека пејачката носи панталони, низ кои се  чини дека таа има машки атрибути.

2. Time, мај 2012 – Мајка дои прилично големо дете

9skandal

Доењето е табу тема во САД, а во случајот жената дои 3-годишно дете (кое изгледа дури поголемо).

1. Vanity Fair, август 1991 година – гола и бремена – Деми Мур

10skandal

Денес е многу модерно идните мајки да се сликаат така, но до 1991 година на ниту една  бремена жена не и беше текнало да си направи гола фотосесија. Сликата е на фотографката Ани Леибовиц. Во 1991 година, таа беше прифатена како одвратна и срамна од многу луѓе, а денес  е една од најпознатите фотографии ширум светот.

 

 

- Реклама -