Глетката на секси татко без маица кој во рацете држи преслатко девојче не може да помине незабележано.
Така беше и на плажата во Малибу, а гордиот сопственик на цврстото и затегнато тело и уште погордиот татко на ова слатко девојче е популарниот водител и актер Марио Лопез.
Славниот татко беше уловен на песочна плажа во Малибу како ужива со неговата две ипол годишна ќерка Џиа. Грижливиот татко во бели бермуди не ја испушташе неговата најмила од вид. А покрај малата Џиа со прекрасната насмевка, во прв план беа и мускулестото торзо и стомачните како од реклама на Лопез.