Најпродавани мобилни телефони на сите времиња

Пуштен во употреба пред повеќе од седум години, телефонот 1110 на „Nokia“ е најпродаван модел на телефон на сите времиња, со речиси 250 милиони продадени примероци.

На бројни млади генерации ова им беше еден од првите мобилни телефони што го користеле, а неговата издржливост и до денес се прераскажува.

nokia

На листата со 20 најпродавани телефони што ја објави британскиот весник „Daily Telegraph”, доминираат модели на компанијата „Nokia“. Најнов телефон на листата е „Galaxy S III“ на „Samsung“ кој беше претставен минатата година и веќе се продадени 40 милиони примероци.

samsung1

Еве како изгледа листата:

1. Nokia 1110 (2005), 250 милиони продадени примероци

2. Nokia 3210 (1999), 160 милиони

3. Nokia 1200 (2007), 150 милиони

4. Nokia 5230 (2010), 150 милиони

5. Nokia 3310 (2000), 136 милиони

6. Nokia 2600 (2004), 135 милиони

7. Motorola RAZR V3 (2004), 130 милиони

8. Nokia 1600 (2006), 130 милиони

9. Nokia 1208 (2007), 100 милиони

10. Nokia 3010 (2004), 75 милиони

11. Nokia 5130 (2007), 65 милиони

12. Apple iPhone 4S (2011), 60 милиони

13. Motorola C200 (2003), 60 милиони

14. Motorola StarTAC (1996), 60 милиони

15. Nokia 3100 (2003), 50 милиони

16. Nokia 6230 (2004), 50 милиони

17. Samsung Galaxy S II (2011), 40 милиони

18. Samsung Galaxy S III (2012), 40 милиони

19. Apple iPhone 3GS (2009), 35 милиони

20. Nokia 2650 (2004), 35 милиони

- Реклама -