Најпосле објаснет начинот на кој што кукурикаат петлите

Сите нас барем еднаш не разбудило продорното „кукурику“, по кое следуваат неколку слични повици за будење.

Петлите кукурикаат по старосен редослед – главниот пејач прв се огласува во мугрите, додека младите петли трпеливо го чекаат својот ред, истакнуваат јапонските научници кои успеаа да ја откријат оваа долго чувана тајна во нивното царство.

Во текот на истражувањата, научниците ги надгледувале птиците и покажале дека постои „добро воспоставен ред според староста“.

„ Главниот петел секогаш кукурика прв, а потоа, во зависност од местата на социјалната скала, се огласуваат по ред и останатите – се истакнува во студијата објавена во магазинот Scientific Reports.

 „Кога шефот на парадата беше отстранет од групата, неговото место го завземаше друг петел по чинот“, наведуваат јапонските експерти.

petel

Откако заклучивме „како“, да се осврнеме на прашањето „зошто“ кукурикаат петлите.

Се верува дека петлите кукурикаат за да ја обележат својата територија, „благовремено“ предупредувајќи ги евентуалните соперници.

Веќе при првата средба, петлите воспоставуваат „ред“ и тоа го прават  old school – со тепачка.

Најсилните петли така имаат предност во пристапот на храна, дамите и изборот на места во кокошарникот.

Истражувањата воспоставиле дека тајмингот на кукурикање го контролира внатрешен биолошки часовник кој го поседува не само главниот петел, туку и неговите помлади колеги, само што тие, од „социјална култура“ се принудени да го сузбијат својот природен ритам и да чекаат ред.

- Реклама -