Ова лето хит е кратката паж фризура. Но, пред да се определите за неа имајте на ум дека за нејзино одржување е потребно многу повеќе нега и труд отколку што можете да замислите.
Речиси сите славни девојки оваа пролет ја ишишаа косата. Топ моделот Карли Клос неодамна се појави на ревија со кратка коса, а и Оскаровката Џенифер Лоренс го смени имиџот.
Иако кратката коса бара помалку внимание, оваа фирузра не е едноставна за одржување. Должината може да варира од брадата до клучните коски. Иако тоа ќе биде разладување и олеснување за вашиот врат, нема да може да изгледате уредно ако не се исфенирате. Со ваква фирузра не постои опција за брзо собирање на косата во пунџа или коњско опавче.
Изберете ја должината и текстурата според формата на лицето
Мора да имате реални очекувања од својата коса. Ако е брановита таа само ќе се подигне кога ќе ја ишишате. Затоа, мора подолго да се ишишате за да го добиете саканиот ефект. Ито така, најдобро е да го послушате фризерот кој точно знае како и колку треба да ве ишиша.
Не е лесна за одржување
Косата со средна должина е тешка за одржување. Освен што мора секој ден да водите сметка за неа, бара и често шишање за да ја одржувате формата.