Иако често се надеваме дека со текот на времето човештвото ќе има подобри идеи за лозинки, се чини дека и понатаму сме мрзливи и немаме имагинација.
Овие лозинки се најпопуларните (или подобро познати како најлошите) во 2012 и тие се ужасно предвидливи. Овој ранкинг бил создаден од SplashData со собирање на податоци од милиони украдени лозинки постирани на интернет од страна на хакери во текот на оваа година и ги рангирале според популарност.
Како што гледате лозинките се слични со оние од минатите години, но сепак има и неколку нови – “Jesus” и “password1”. За овие нови лозинки можеме да им се заблагодариме на религијата и на сајтови кои бараат лозинки со минимум еден број. Сега со нетрпение ќе чекаме на денот кога “password” ќе го загуби своето место на врвот.