Најплатени занимања според Завод за статистика

44 202 денари заработуваат од информации и комуникации.

41 570 денари нето добиваат работниците во секторот финансиски дејности или дејности на осигурување.

Според податоци на Државниот завод за статистика објавени вчера, 44 605 денари се нето платите во секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати.

Нето плата од 36 395 денари земале вработените во рударство и вадење камен.

38 634 денари била нето платата во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Нето заработка од 37 328 денари имаат вработените во секторот складирање и помошни дејности во превозот.

- Реклама -