Клучот за добар мирис во тоалетот се две батерии и „интелигентна” тоалет школка.
Оние кои често купуваат освежувачи за воздух за тоалетот, веќе имаат на располагање друго решение – седиштето на Kohler, наречено Purefresh.
Направата која чини 120 долари, го прочистува воздухот секој пат кога се користи тоалетот, со помош на вентилатор и напредни технологии.
Седиштето користи јаглерод филтер, за да ги неутрализира непријатните миризби и им нуди на сопствениците да избираат меѓу три ароми. Првиот е на градинарски водопад, вториот на авокадо спа, а третиот на чисто перење.