Научниците секојдневно откриваат разни работи, но од време на време се случува да пронајдат нешто навистина големо и неверојатно. Погледнете кои се најинтересните научни откритија.
Универзумот се состои претежно од темна енергија
Вселената, каква што ја познаваме, со милијардите ѕвезди и стотиците милијарди галаксии, всушност е само 4 проценти од сето она што постои. Што е останатото? Според последните информации, 23 проценти е темна материја, а 73 проценти е темна енергија. Со други зборови – немаме никаква претстава за ништо.
Неверојатната моќ на квантната левитација
Заборавете на теоријата Хиперлууп. Можеме да ја користиме силата на квантната левитација да ги натераме сите објекти да лебдат во воздухот, па дури и да се дизајнира воздушно транспортен систем.
Паралелните универзуми постојат
Резултатите од еден експеримент зборуваат дека паралелните универзуми навистина постојат. Квантните физичари направиле минијатурна „лопатка” со широчината на човечко влакно во вакуум, создаден во тегла. Според резултатите од експериментот, тие дошле до заклучокот дека нешто може да постои во две состојби (или два универзуми) истовремено, што ја отвора вратата не само за неколку верзии на самите нас, но и за можноста за патување низ времето.
АСМР предизвикува мозочен “оргазам”
Еве едно чудно откритие, кое се граничи со чуден фетиш. Постои едно нешто наречено автономна сензорна меридиана реакција (АСМР). Се претпоставува дека се должи на реакцијата на одредени видови звуци, како што се женскиот шепот или шуштењето на најлон. За некои луѓе, тоа е како мозочен оргазам – пријатна, скокотлива сензација околу главата.
Мисирките се возбудуваат лесно
Во 1963г, Мартин Шејн и Едгар Хелмин со помош од универзитетот во Пенсилванија откриле дека машката мисирка нема проблем да се обидува да се пари со лажната женска мисирка. Тие одлучија да го продолжат експериментот и да воспостават точно кој дел од мисирката предизвикува возбуда. Отстранувале дел по дел од лажнатата мисирка, но секој пат мажјакот го извршувал ритуалот за парење.
Научниците откриле дека тело без глава нема никаков ефект врз либидото на машката мисирка, но глава врз стап – и попрецизно свежо отсечена глава на женска мисирка – се чинела прилично возбудлива.
Плунката на отровниот брадавичар го потиснува апетитот за чоколадо
Научници од Универзитетот Готенбург неочекувано откриле ексендин-4, супстанција во плунката на отровниот брадавичар. Имено, таа го потиснува апетитот за чоколадо, слатки и храна во целина. Тие го проучувале ефектот на хемикалии врз глувци и својствата да го контролираат дијабетесот. Плунката изгледа ги стимулира деловите во мозокот кои се одговорни за глад.
Патување побрзо од светлината е можно
Изгледа дека светлосниот мотор од Star Trek можеби не е толку фантастичен.Физичарот Харолд Вајт направил дисертација насловена како „Прозрачен мотор: Хипербрзо патување во вкупната релативност” што се однесува на поигрување со геометријата, намалувајќи ја потребната енергија од масата на 300 планети со големина на Земјата околу 725кг. НАСА веќе официјално почнаа да работат на проектот.