Најоригиналните сценски костими на славните

За секоја ѕвезда постои само едно место на кое треба да изгледа подобро отколку на црвениот килим, а тоа е сцената. Токму таму важат поинакви модни правила од оние во реалниот живот. Сценските костими треба да бидат необични, провокативни и се разбира со доза на театралност!

Погледнете ги најоригиналните сценски костими на славните!

Лејди Гага

Дури најнезаинтересираните не можеа да останат рамнодушни на вкусот за ексцентричната сценска облека на „чудовишната кралица”. Тешко се заборава нејзината појава во фустан од живо месо, во 2010 година. Ништо помалку интересна е и комбинацијата во која изгледаше како снежна кралица. За изработка на костимот биле употребени електронски делови.

gaga

Ријана

На американските музички награди во 2009 година Ријана се појави во костим инспириран од филмот „Петиот елемент”. Белите ленти беа единствени кои го криеа нејзиното тело од љубопитните погледи на публиката.

Прочитајте и:  Поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез, а има многу добра причина за тоа 

rijana

Бијонсе

Бијонсе не ја крие својата страст кон златото, како на сцената така и во реалниот живот. Боди – корсетите со метален сјај се нејзин заштитен знак на сцената.

bijonse

Кејти Пери

„I kissed a girl” ја испеа во 2008 година и одеднаш од скромна татина ќеркичка се преобрази во секс симбол и една од најскандалозните диви во светот на славните. Изборот на сценски костими редовно му го доверува на Армани.

kejti

Мадона

Секоја турнеја на Мадона не е ништо помалку скандалозна од претходната. Без оглед на возраста, таа пред публиката ги открива не само амбициите туку и многу повеќе од сопственото тело. Градниците во форма на конуси, креирани од Жан Пол Готје се нејзин заштитен знак.

madona

 

 

- Реклама -