Најoригиналните изговори за доцнење на работа

Додека за едни спремањето за работа трае неколку минути, за други трае со часови. Без разлика колку време ви треба, некогаш ви се чини дека часовникот работи против вас. Според студијата на CareerBuilder 26 отсто од вработените признале дека доцнат на работа барем еднаш месечно, а 16 отсто еднаш неделно или,пак, почесто.

Во студијата учествувале 2600 менаџери и повеќе од 3900 вработени од целиот свет. Додека 31 отсто од вработените како причина за доцнењето го навеле метежот во сообраќајот, имало и некои одговори што тешко се забораваат, а уште потешко е да се поверува во нив.

Late-for-work2

1.Една вработена задоцнила на работа затоа што и паднала чантата во сандачето за весници и таа не можела да ја извади затоа што паричникот со ситни пари и бил во чантата.

2.Задоцнила на работа затоа што по грешка излегла од дома со чевлите на девојката на нејзиниот цимер па се вратила дома да обуе нејзини чевли.

3.Лутата жена на вработен му ги замрзнала клучевите од автомобилот во чаша.

4.Еден вработел доцнел на работа затоа што измерил дека во крвта има премногу алкохол.

late for work running

5.Задоцнил затоа што се шишал сам пред работа, но ножиците му се расипале и морал да чека берберницата да се отвори за да му ја средат фризурата.

6.Автомобилот на еден вработен му бил нападнат од мечка. Вработениот имал и фотографии како доказ.

7.По грешка отишол на старото работно место.

Сте имале ли Вие некој сличен изговор кога сте задоцниле на работа?

- Реклама -