Најоригиналниот отказ (фото)

Крис Холмс, 31-годишен работник на аеродромот Стансед во близина на Лондон, дал отказ на многу оригинален и културен начин.

Одлучил да го напише отказот на колаче.

„Денеска полнам 31 година и од неодамна сум татко. Дури сега сфаќам колку е вреден животот и колку е важно да го поминувам времето со работи што ќе ме усреќат. Поради тоа, давам отказ за да го поминувам времето со семејството“, пишува на колачето што Холмс го испратил до Управата на аеродромот на кој работел четири години  како службеник за имиграција.

otkazz

Во отказот, исто така, пишува дека Холмс сака да му се посвети на бизнисот со правење торти кој во последно време многу добро му тргнал.

Од таму одговориле дека на нивниот сега веќе поранешен вработен му посакуваат сѐ најдобро.

Фотографијата со колачето стана хит откако зетот на Холмс ја поставил на Твитер.

 

- Реклама -