Најомилениот негативен лик! Причините поради кои го засакавме Питер Динклиџ

Питер Динклиџ е роден во Мористаун, Њу Јерси во 1969 година.

Имал тешко детство кога неговиот татко бил приморан да го продаде осигурувањето, а мајка му предавала во музичко во основно училиште.

Неговите родители никогаш со него не постапиле некако посебно, иако е единствено џуџе во семејството. Шансите некој да се роди со овој синдром ахондроплазија, односно генеричко нарушување кое предизвикува абдормално градење на коските е 1 спрема 25.000.

Тој дури и немал телевизор дома- или барем така мислел. Дури кога бил тинејџер ги „фатил“ своите родители како гледаат во црно-бел телевизор кој бил скриен во плакарот.

Се школувал во католичко училиште за момчиња, но како што вели тој, не се вклопил најдобро. Но, токму таму ја нашол љубовта кон глумата а тоа го научил од екцентричниот свештеник кој имал неверојатна колекција на VHS касети.

Уште како тинејџер, одлучил да стане вегетаријанец:

– Во тоа време станав вегетаријанец само поради големата љубов кон животните, но и поради една девојка, се разбира. И ден денес е вегетаријанец.

Свирел во панк-бенд под името „Whizzy“ поради кој има лузна од вратот до веѓите. Еднаш скокал и пиел во исто време на бината кога случано се избодел. „Само ја зграпчив првата валкана крпа од шанкот, ја ставив на глава и продолжив со свирката.

 

Работел речиси седум години во компанијата „Professional Examination Service”.

– Јас сè уште не знам што правев таму и со што таа фирма се занимаваше, знам само дека внесував некои информации во компјутер и дека секогаш се јавував дека нема да бидам во можност да дојдам на работа во петок бидејќи не ми е добро, а се разбира, причината беше затоа што излегував со пријателите во четврток навечер- вели тој.

Во тоа време живеел во стан под мостот Вилијамсбург. Над главата му поминувале возови, а преку нозете во дневната соба му поминувале стаорци. „Тоа и не беше вистинска дневна соба. Тоа беше растурен голем простор“.

Иако во тоа време му нуделе да сними реклами и други комерцијални работи, одбивал затоа што сите тие биле поврзани со фактот дека тој е џуџе. Одбивал такви работи. „Кога бев помлад, дефинитивно тоа ми сметаше. Како адолесцент бев многу огорчен и лут, недостапен. Но, како што стареете гледате дека навистина треба да имате смисла за хумор. Само знаете дека тоа не е ваш проблем. Нивен е“, рекол актерот.

Се запишал на драма во 1991 година на Бемингтон колеџот. Работата ја започнал во театарот. Првата своја филмска улога ја одиграл во 1995 година во филмот „Живеење во заборавот“.
Во театарот не ја започнал само својата работа. Таму започнала уште една голема љубов во неговиот живот. Ерика Шмит со која се оженил во 2005 година, и која била директорка на театарот. Шест години подоцна, ја добиле ќерката Зелинг.

Улогата во филмот „The Station Agent“ (2003) се смета за чекор напред за која има добиено номинација за најдобар актер. Истата година, се појавил во филм со Гери Олдман. Наскоро започнува да работи во Бродвеј продукцијата. Во 2004 година Питер ја одиграл една од улогите од соништата- Ричарт Трети од Шекспир во Јавниот театар.

Динклиџ од 2008 година ја игра улогата на Тирион Ланистер во серијата на HBO „Game of Thrones“, адаптација на книгите на авторот Џорџ Р.Р. Мартин. Неговиот перформанс постигна големи пофалби, но и истакнати награди како Еми за најдобра споредна машка улога во серија во 2011 година и Златен Глобус во 2012 година за најдобра машка споредна улога во категоријата серии, минисерии и телевизиски филм.

Денес нас ни е еден од најомилените ликови од популарната серија „Game of Thrones“.

 

- Реклама -