Најоддалечените места на Земјата

Најоддалечените места Во време кога патување од кое било до кое било место на планетава не одзема повеќе од 48 часа, воспоставени се неколку критериуми за да се додели статус „најоддалечено место“. „Оддалеченоста“ се мери според недостапноста во однос на близината до океаните (во копнена маса) или најблиската копнена маса (ако се работи за остров). Кои се најоддалечените места на планетава? Проверете!


Во време кога патување од кое било до кое било место на планетава не одзема повеќе од 48 часа, воспоставени се неколку критериуми за да се додели статус „најоддалечено место“. „Оддалеченоста“ се мери според недостапноста во однос на близината до океаните (во копнена маса) или најблиската копнена маса (ако се работи за остров). Кои се најоддалечените места на планетава? Проверете!

Најоддалечените места на ЗемјатаНајнедостапното место на планетава е Евроазискиот Пол на Недостапноста – место што се наоѓа на 2500 километри од најблискиот океан, а се наоѓа во северниот дел на Кина.

Местото најоддалечено од копнена маса се наоѓа во Јужниот Пацифик и е наречено Точка Немо. Најблиското соседно копно се наоѓа на далечина од преку 2500 километри. Но, ниту едно од овие 2 места не е населено.

Најоддалеченото место кое има постојани жители се вика Тристан де Куња. Островот кој има кружна форма и дијаметар не поголем од 10 километри, има 270 жители чиј директен контакт со надворешниот свет е единствено поштенскиот брод кој доаѓа еднаш годишно. Островот со не повеќе од 30 километри квадратни се наоѓа на 1800 километри од Св. Елена и на преку 2800 километри од најблискиот континент, т.е. од неговата најјужна точка – ’Ртот на Добрата Надеж. На Тристан де Куња, летото трае од декември до март, а во зимските месеци вулканската купола на средината од островот е постојано прекриена со снег.

- Реклама -