Најочекуваните смартфони за првата половина на 2015

Годината речиси заврши, а корисниците на мобилни телефони со нетрпение чекаат да започне 2015 година, која ќе донесе и нови предлози на пазарот.

Ви претставуваме седум од најочекуваните смартфони на водечките производители, за да можете од порано да се подготвите за нивното официјално претставување во живо.

SONY XPERIA Z4

sony z4

Новиот предводник на Sony Z4 е очекуван не само од фановите на брендот, туку и од своите конкуренти. Секогаш кога Sony ќе претстави нов паметен телефон од серијата “Z”, следат коментари за неговите можности и одличен дизајн. Навикнати сме на големата бучава пред доаѓањето на новата генерација предводник, а Z4 не е исклучок. Очекуваме од Sony да поднесат новата камера со густ сензор и резолуција на сликата од 21 мегапиксели, која ќе овозможи HDR фотографии во реално време, како и 192 автофокус поени. Сигурно слична технологија ќе направи мала револуција во мобилната фотографија.

SAMSUNG GALAXY S6

galaxy_s6_11

Samsung пушта многу Smartphones на пазарот за една година, но компанијата привлекува најмногу внимание со моделите од високата класа. Сигурно и следната Galaxy S6 ќе претстави завидни способности и многу функции. Очекуваме тој да биде прогласен официјално на меѓународниот саем MWC во месец март. Интересно кај новиот Galaxy е тоа што се претпоставува дека телефонот ќе има две модификации – со флексибилен екран и со стандарден. Време е Samsung да го претстави и новиот концепт за дизајн, што многу веројатно може да се случи токму со Galaxy S6.

HTC ONE (M9)

HTC-One-M9

Иако HTC немаат толку многу обожаватели, како некои свои конкуренти, тие сепак успеваат да се задржат на пазарот и да продолжат да нудат добри модели. Смартфонот што се очекува од нив веројатно ќе го задржи традиционалниот назив One и ќе има голем екран со дијагонала од 5.5 инчи и моќна батерија од 3500 mAh. Очекуваме 3GB RAM меморија и моќна чип Snapdragon 805. Камерата не била секогаш најсилна кај HTC, но повеќето новинари сметаат дека овој пат ќе имаме таква со 16 мегапиксели резолуција и оптичка стабилизација. Можно е новиот One да користи и други материјали за изработка на куќиштето.

HUAWEI ASCEND D8

Huawei-Ascend-D8.jpg

Huawei од наскоро почна да се изедначува со жестоката конкуренција, па како бренд не останува поназад ни по бројот на фанови. Очекуваме следниот Ascend D8 да поседува одличен екран, како и нов 64-битен процесор Kirin 950, 4GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија. Веројатно е моделот да биде објавен во текот на месец мај.

LG G4

LG-G4

LG сериозно настапи пред некои свои конкуренти со дел од иновациите во G2 и G3. Следната генерација сигурно ќе ја претстави новата технологија на LG – исклучително тенок дијаметар и многу висока резолуција. Очекуваме подобрувања кај камерата и побрз процесор. Имаше гласини дека G4 ќе го почекаме подолго, поради проблеми со новиот процесор на Snapdragon 810 , но да се надеваме дека Qualcomm ќе упее да среди сè и работата на предводникот ќе продолжи според планот.

MICROSOFT LUMIA 1030

Microsoft-Lumia-1030-Concept-01

Откако моделите Nokia Lumia официјално веќе се нарекуваат Microsoft Lumia, би требало новиот ребрендинг да дојде и со нови и подобри предлози. Очекуваме Microsoft да изненади со нова PureView камера со резолуција од 50 мегапиксели. Мобилната фотографија е нешто многу сериозно кај Lumia серијата, па ова е целосно остварлива цел за нив.

XIAOMI MI5

xiaomi-mi5

Најновиот сериозен конкурент меѓу големите е Xiamoi. Оваа 2014 година беше исклучително силна за Кинезите, а според аналитичарите 2015 година нема да остане назад. Новиот Мi5 може да има Snapdragon 810 8-core 64-битен процесор, како и екран со дијагонала од 5,7 инчи. Се разбира, по традиција, смартфонот ќе чини многу помалку од повеќето негови конкуренти.

Ова се само дел од смартфоните кои ќе ги чекаме со нетрпеливост. Се надеваме дека барем дел од гласините и шпекулациите се покажат како вистинити.

- Реклама -