Познатиот пејач Елтон Џон викендов конечно и официјално се венчаше со долгогодишниот партнер Дејвид Фурниш.
Елтон и неговиот партнер со нетрпение дочекаа хомосексуалниот брак да се легализира во Велика Британија, и сега нивната врска ја крунисаа со брак.
Двојката во 2005-та година веќе склучи граѓански брак, а оваа венчавка сакале да дадат пример и поддршка за другите геј мажи.
Познатиот пејач веднаш се пофалил на Инстаграм профилот и објавил фотографија од потпишувањето на венчалниот лист.
– Документите се готови. Сега продолжуваме со церемонијата- напишал Елтон.
Инаку, Дејвид веднаш по легализацијата на геј браковите ја најавил венчавката.
– Џон и јас веруваме дека постои огромна разлика меѓу тоа некого да наречете партнер или сопруг. Зборот „партнер“ не може доволно да ја опише нашата љубов- додал сега сопругот на Елтон.
Двојката инаку има посвоено две деца.
Погледнете дел од гостите кои присуствуваа на оваа голема венчавка.