Најновите фотoапарати од серијата COOLPIX, Nikon се способни да снимаат и фотографираат под вода, да ги доработуваат фотографиите и истите да ги препраќаат кон мобилните телефони или компјутерите. Станува збот за навистина „паметни“ фотоапарати.
Фотоапаратот COOLPIX AW110 е наменет за сите авантуристи и љубители на екстремниот спорт. Со помош на овој водоотпорен модел можете да фотографирате под вода на длабочина од 18 метри и истиот е опремен со Wi – Fi интерфејс.
Моделот Nikon COOLPIX S31 е водоотпорен и има 10 пикселна камера. Практичен е за сите членови во семејството.
Nikon COOLPIX L27 и COOLPIX L28 се одликуваат со максимално едноставен начин на користење и висок квалитет на фотографиите и видеата.
COOLPIX S2700 е модел со навистина интелектуални функции и дебелина од само 20, 7 мм. Фиксирањето на лицето, елиминирањето на „црвените очи“, „ретуширањето“ се само дел од можностите на овој модел. Идеален е за фотографирање портрети.
Со помош на Nikon COOLPIX S9400 ќе можете да го паузирате видеото, па потоа да продолжите со снимањето. Опремен е со оптичко зумирање и авто – фокус.