Најнови сателитски снимки: Рускиот конвој е долг 64 километри (ФОТО)

Сателитските снимки направени вчера, од страна на американската приватна компанија Maxar Technologies (MAXR.N), покажуваат дека рускиот воен конвој на северот од Киев се протега околу 40 милји, односно речиси 64.5 километри, а не 27 километри (17 милји), како што беше пријавено претходно во текот на денот, објави Ројтерс.

Според MAXR.N, забележани се и дополнителни копнени трупи и борбени хеликоптери во јужна Белорусија, помалку од 32 километри од Киев.

Генералштабот на украинската армија веќе соопшти дека војска на Белорусија се движи кон Украина.

Прочитајте и:  Володин: Украинските напади на руска територија со западно оружје ќе доведат до нуклеарна војна
- Реклама -