Погледнете ја гламурозната реклама за H&M и слушнете ја новата песна на Бијонсе

Откако беа објавени фотографиите на Бијонсе за најновата колекција на H&M, на ред дојде и рекламата.

Гламурозната реклама е снимена на Бахамите, а во неа Бијонсе позира и игра на плажа, секако облечена во модели од најновата летна колекција на брендот.

Во спотот се појавува русокоса и црнокоса верзија на поп дивата, а во оваа видео магија учествуваат и нејзините верни танчерки.

Во рекламата Бијонсе го претстави и новиот сингл „Standing on the Sun“.

Уживајте!

- Реклама -