Жените секогаш сакаат да бидат убави и уникатни.За таа цел креативното студио X-Presion, со локација во Мадрид, создаде иновативна техника за правење на фризури.
Со нејзина помош врз косата се создаваат обоени пиксели, кои креираат интересен ефект.
Визијата е вклучена во колекцијата Neon на Revlon за Есен / Зима 2015.
Со ваква фризура сигурно ќе се издвоите меѓу останатите, па останува да видиме со која брзина овој тренд ќе стигне и до фризерските салони низ земјава.