Најнов биланс од земјотресот во Албанија

Албанските медиуми јавуваат дека бројот на зaгинaти и пoвpедени по силниот земјотрес продолжува да се зголемува. Според информациите, засега се регистрирани 24 зaгинaти лица, додека медицинска помош побарале 650 граѓани.

Земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала беше еден од серијата на потреси кој вчера ја погоди Албанија, а поради него беа урнати голем број згради и објекти. Првите две регистрирани жpтви се браќа од Косово, а меѓу загинатите има и млад човек кој неодамна излезе од затвоp, како и еден полицаец на должност.

Локалните медиуми вчера информираа и за едно лице кое во паника за време на потресот скокнало од висока зграда.

Во меѓувреме, спасувачите успеаја да спасат 17-годишно момче, откако тоа со мобилен телефон од урнатините ги контрактирало спасувачите, а тие успешно го лоцирале во урнатините во Драч.

Премиерот на Албанија Еди Рама повика на смиреност и додаде дека институциите ќе направат сé да ги извлечат сите лица од уpнатините. Тој посочи дека до моментот на изјавата се спасени околу 40 лица.

- Реклама -