Најневеројатните стадиони на светот

neverojatni_stadioni_intro_1.jpg Стадионите секогаш се голем предизвик за архитектите кои своите идеи можат да ги пренесат на голема површина на која ќе се радуваат и тагуваат илјадници луѓе истовремено. Откријте како изгледаат најинтересните стадиони во светот (менуваат бои!) и сетете се на Градски…


Стадионите секогаш се голем предизвик за архитектите кои своите идеи
можат да ги пренесат на голема површина на која ќе се радуваат и
тагуваат илјадници луѓе истовремено. Откријте како изгледаатнајинтересните стадиони во светот (менуваат бои!) и сетете се на Градски…

Стадионот мора да се издвојува, но не и да контрира со околината, мора да се почитува практичната страна (како издвоен доволно голем паркинг простор), но и да се создаде нешто што нема да наликува на секој друг стадион во светот. Еве како!

Allianz Arena во Минхен
allianz-arena-3.jpg

Домот на Баерн Минхен има 66 000 седишта, 28 киосци и два ресторана, 190 монитори и 9 800 паркинг места (најголемата катна гаража во Европа), а изградбата на овој стадион чинела 340 милиони евра. И еден голем бонус – стадионот ја менува својата боја!

allianz-arena-2.jpg

allianz-arena-4.jpg

allianz.jpg
Националниот стадион во Пекинг наречен Птичје гнездо
birds_nest_3.jpg

Изградено за потребите на Олимпијадата 2008, Птичјото гнездо чини 423 милиони долари и е најголемата челична структура во светот.

bird_s_nest_.jpg

Освен капацитетот од 80 000 седишта, овој стадион е опкружен со цевки што 24 часа ја собираат и прочистуваат дождовната вода со која потоа се наводнува стадионот, а цевките под теренот ја собираат топлината од околината и греат во зима, а ладат во лето.

birds_nest_2.jpg

birds_nest_ognomet.jpg

Редизајнираниот Wembley во Лондон
wembleystadium.jpg

Иновативноста и квалитетот на изработката веќе беа признаени од повеќе здруженија на архитекти и градежници. Подвижноста на панелите на покривот овозможуваат максимално користење на дневната светлина и вентилацијата.

wembley-stadium-.jpg

А високиот лак не само што на стадионот му дава впечатливост, туку претставува и потпора за северниот и јужниот дел од кровот. Решеткастата конструкција на лакот е составена од 41 челичен прстен, а бетонската основа оди дури 35 метра во земјата.

wembley-stadium.jpg

За да се постигне саканиот драматичен ефект, на самиот лак широк 316 метри се вградени 258 рефлектори чија светлина кажува дека таа вечер се игра натпревар.

wembleyarchlitup.jpg

wembley.jpg

- Реклама -