Светот е полн со неверојатно синхронизирани настани што се имуни на било какво објаснување. Случајност или судбина?
1. Автомобилската клетва на Џејмс Дин
Во септември, 1955-тата, Џејмс Дин загинал во страшна несреќа додека го возел своето спортско Порше. По несреќата, колата ја опкружуваат низа бизарни несреќи.
– Додека шлеп-службата го паркирала автомобилот во гаража, моторот се откачил и му ги откинал двете нозе на еден од механичарите.
– Подоцна, моторот бил купен од некој доктор, кој го вградил во својот тркачки автомобил. Загинал набрзо, за време на трка. Во истата трка загинал уште еден натпреварувач, кој во својот автомобил ја имал инструментната табла од Поршето на Џејмс Дин.
– Кога Поршето на Џејмс Дин подоцна било поправено, гаражата изгорела во пожар.
– Подоцна, автомобилот бил изложен во Сакраменто, но се откачил од држачите, оставајќи еден тинејџер со скршен колк.
– Во Орегон, приколката на која било натоварено Поршето, се откачила и завршила во излогот на една продавница.
– Во 1959-тата, автомобилот мистериозно се распаднал на 11 парчиња додека бил паркиран на челична конструкција.
2. Бебе паднало од прозор, спасено два пати од истиот човек
Во Детроит, околу 1930-те, Џозеф Фидлок занесено шетал по тротоарот, кога од високите катови во рацете му паднало мало бебе. По неверојатно среќниот крај на настанот, и бебето и минувачот останале неповредени. Една година подоцна, на истото место, истото бебе, повторно паднало во рацете на истиот човек (Џозеф Фидлок) и повторно и двајцата завршиле без повреди.
3. Куршумот што ја погодил целта дури по неколку години
Хенри Зигланд мислел дека и избегал на судбинатаа. Во 1883-тата, раскинал со неговата девојка која подоцна, токму од таа причина, извршила самоубиство. Нејзиниот брат бил толку гневен што го уловил Зигланд и го застрелал. Верувајќи дека го убил, го насочил пиштолот кон слепоочницата и си го одземал животот. Но, Зигланд останал жив. Куршумот само му го поткачил лицето и завршил во едно дрво зад него. Хенри сигурно мислел дека е многу, многу среќен човек.
Сепак, неколку години подоцна, Зигланд решил да го исече дрвото кое сеуште го имало куршумот во себе. Но, дрвото било толку големо, што решил да употреби малку динамит. Погодувате? Експлозијата го лансирала куршумот директно во главата на Зигланд, убивајќи го на лице место.
4. Исто како во книгата на Едгар Алан По
Во 19-тиот век, познатиот „хорор“-писател ја напишал „Авантурите на Артур Гордон Пим“ во која се зборува за четворица преживеани во бродолом што остануваат заглавени на отворено море многу денови и решаваат да го изедат најмладиот член на екипажот – Ричард Паркер. Неколку години подоцна, во 1884-тата, исчезнал рибарскиот брод Мињонет, со екипаж од 4 луѓе. Подоцна се дознало дека тројцата го убиле и изеле најмладиот од нив, чие име било Ричард Паркер.