Островот Исланд не изобилува со архитектонски достигнувања или познати уметнички музеи, но сепак секоја година е домаќин на илјадници туристи кои доаѓаат да се восхитуваат на пејзажите на недопрената природа, водопадите, гејзерите, вулканите и глечерите.
Водопадот Детифос (гневен водопад) се смета за најмоќниот водопад во Европа. Лоциран е во северо – источниот дел на островот Исланд, во еден национален парк.
Водата паѓа со брзина од 500 кубни метри во секунда, со што не заостанува многу зад Нијагарините водопади. Широк е околу 100 метри, а висок 44 метри.
Погледнете како изгледа најмоќниот водопад во Европа!