Најмладите во светот (видео)

најмладитеМногу луѓе доцна во животот сфатиле што сакаат да прават „кога ќе пораснат“. Но некои ја имаат таа среќа уште од мали нозе да го прават она што ги прави задоволува. Овие деца не чекаат да пораснат за да си го остварат својот сон.

Многу луѓе доцна во животот сфатиле што сакаат да прават „кога ќе пораснат“. Но некои ја имаат таа среќа уште од мали нозе да го прават она што ги задоволува. Овие деца не чекаат да пораснат за да си го остварат својот сон.

најмладите

Тригодишно девојче од Британија станало најмладиот тетовирач во светот откако добила часови од нејзиниот татко. Повеќето деца на нејзина возраст имаат проблеми со обични пенкала, но Руби Дикенсон е подготвена да премине на следниот чекор. Нејзините дланки се премногу мали за нормалната алатка со која вежба секој ден, па затоа татко ѝ Блејн решил да нарача минијатурна верзија од Америка за нејзиниот четврт роденден.

Моменталниот носител на рекордот за најмлад тетовирач е Емили Дариџ која нацртала дел од пеперутка кога имала пет години.

најмладите

Рафита има само десет години, тежи околу 40 килограми и најверојатно е најмладиот борец со бикови во светот. Неговите борби се различни од останатите бидејќи биковите против кои се бори се помали и не ги убива. Поради ова, тој е и еден од најпопуларните борци со бикови во Мексико.

Најмладиот багерист во светот живее во Москва, се вика Роман и има само три години. Роман веќе знае да се снајде во кабината на багер, и не само што знае да ја управува машината, туку знае и правилно да работи.

{youtube}dVRB5U4qwJM{/youtube}

На сцената Кишан Шрикант самоуверено ги контролира работите. Иако има само десет години, тој веќе е ветеран во регионалната филмска индустрија. Откако започнал на четири години, тој има настапено во 24 филмови и преку 1000 епизоди од хит сапуница.

Во моментов Кишан го снима својот прв филм како режисер и ко-автор. Филмот кој има буџет од осум милиони рупии (под 200000 долари) е за децата кои живеат по улиците во големите градови на Индија.

Најмладиот хирург
најмлади

Внимателно нагледуван од неговите родители, 15 годишниот син на двајца доктори од јужна Индија изведе породување со царски рез пред камера. Овој подвиг бил направен со цел да се постави рекорд за најмлад хирург. Но наместо тоа таткото, доктор Мургесан, може да ја загуби медицинската дозвола и се соочува со затворска казна. Сепак тој рекол дека не жали и дека сите се само љубоморни на талентот на неговиот син. Тој додал дека неговиот син и претходно имал извршено хируршки зафат, и дека во последните три години го подготвувал специјално за Гинисовата Книга на Рекорди.

- Реклама -