Претставниците на Гинисовата книга на рекорди официјално го потврдија кученцето Мили -Чивава за најмало во светот.
Сопственик на миленичето рекордер е жителката на Порторико, Ванеса Семлер.
Растот на Мили е само 9,65 см и тежи само 0,5 кг. Со оваа големина на маче таа лесно се вклопува во дланката на возрасен човек.
Како што објасни Семлер, кученцето никогаш не лае, спие во мала куќичка до креветот на сопственичката и се храни со истата храна како луѓето.
„Најмногу сака пилешко и лосос”, вели Семлер.
Според неа, Мили го претпочита друштвото на луѓе, повеќе отколку да си игра со други кученца. Сака да си игра и со кадифени играчки, кои далеку ја надминуваат нејзината големина.
„Речиси секоја недела и купувам нова играчка”, вели сопственичката.
Кученцето со задоволство позираше пред камерите. Кога се родила, Мили тежела помалку од 30 грама, а се вклопувала во лажичка.