Најмалку 912 луѓе се загинати во земјотресот со јачина од 7.8 степени според Рихтеровата скала кој утрово во 4:17 часот ја погоди Турција кај јужниот турски град Газиантеп, во близина на границата со Сирија.
Оваа бројка ја соопшти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и истата претставува сериозна ревизија на претходните бројки.
Ердоган додаде дека во земјотресот се повредени 5.383 луѓе.
Од другата страна на границата, во деловите на Сирија под контрола на владата, бројот на загинати се искачи на 326, ажурирајќи го претходниот биланс од 239.
Со тоа, моментално вкупниот број на загинати во земјотресот – најмоќниот потрес во регионот во речиси еден век – е повеќе од 1.200.
Земјотресот од 7.8 степени се случил на длабочина од 18 километри. Десетина минути подоцна, следувал уште еден последователен моќен потрес, од 6.7 степени по Рихтер, на длабочина од 9 километри.
Извор: МИА