Најмалку 17 лица загинаа во експлозија во фабрика за лекови во Индија, соопшти утринава полицијата.
Во експлозијата повредени се 34 лица, од кои повеќето се со изгореници од хемикалии.
Фабриката се наоѓа во округот Анакапаљи, во државата Андра Прадеш, на југоистокот на Индија.
Полицијата соопшти дека се верува дека експлозијата е предизвикана од истекување на гас.