Најмалку 13 цивили убиени во воздушен напад на фабрика за леб во близина на Киев

Лавов, 7 март 2022 (МИА) – Најмалку 13 тела на цивили се извадени од под урнатините по воздушен напад врз фабрика за леб денеска во украинскиот град Макарив, во регионот на Киев, јавија локалните служби за итни работи.

„Рускиот окупатор го гранатираше државното претпријатие ‘Пекара Макарив’, во регионот на Киев“, објави на Твитер првата заменик министерка за надворешни работи на Украина – Емине Јапарова, споделувајќи фотографија од нападот.

Петмина се спасени, додека во фабриката, според информациите, за време на нападот имало околу 30 лица.

Прочитајте и:  Трамп му се јавил на Путин, разговарале за брзо решавање на војната во Украина
- Реклама -