Најмалку 11 убиени и 15 ранети во напад на полигон за обука на руски доброволци кај Белгород

Москва, 16 октомври 2022 (МИА) – Најмалку 11 лица загинаа, а уште 15 се ранети вчера на воен полигон во областа Белгород, во југозападна Русија, кога двајца напаѓачи отвориле оган врз група доброволци кои сакале да се борат во Украина, јавија руските медиуми.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека двајцата напаѓачи се убиени по нападот во областа Белгород, која граничи со Украина.

За нив се кажува само дека се државјани на поранешна советска република, но не се даваат конкретни детали за идентитетот.

Прочитајте и:  „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија
- Реклама -