Најмалиот стан во Париз има само 8 квадрати и е совршен

Овој проект на „Китоко студио“ успеа да покаже како од најмалиот простор може да се извлече максимум.

Како што наведуваат дизајнерите станот функционира по концептот „швајцарски нож“, многу од нештата се „вовлекуваат и извлекуваат“, па оттука има бројни модуларни опции за кревет, столче, гардеробер, скали, па дури и мала кујна, која е сместена под прозорецот.

Во малиот стан е сместено и комплетно купатило кое овозможува во овој простор да се задоволат и основните хигиенски потреби. Комплексно, но убедливо!

- Реклама -