Ако некогаш го посетите Потрланд, Орегон, САД, внимавајте да не ја испуштите шансата да ја посетите најголемата атракција, Mill Ends паркот. Но немојте да очекувате нешто големо затоа што Mill Ends паркот е најмалиот парк во светот сместен во средината на Front Avenue една од најпрометните улици во Портланд. Неверојатно но паркот зафаќа само 1.6 метри квадратни.
Во 1946, Дик
Фегон се вратил од Втората Светска Војна за да продолжи со својата кариера како
новинар. Неговата канцеларија се наоѓала на вториот кат над Front Avenue, и од таму не ја гледал само прометната улица туку
и една неискористена дупка во средината каде требало да се стави светилка. Но,
таа никогаш не била ставена и пораснале грмушки. Фегон решил да го земе
проблемот во свои раце и засадил цвеќиња.
Фегон напишал
позната колумна која се викала Mill
Ends (што во превод значи
греди кои биле оставани покрај водениците). Оваа колумна ја искористил да го
опише паркот и сите “случки” кои се случувале
таму. Фегон го нарекол местото ”Најмалиот Парк во Светот”. Паркот бил посветен на празникот St. Patrick во 1948 и
Фегон како добар Ирец. Продолжил да пишува за се што се случувало во паркот се
додека не умрел во 1969. Повеќето од неговите колумни ги опишувале животите на
малите духови со лик на старец (познати во Ирскиот фолклор) кои ја направиле “единствената колонија западно од Ирска” во паркот. Тој
тврдел дека тој е единствениот кој можел да го види водачот на малите духови,
Патрик О’Тул.
Гинисовата книга
на рекорди му го даде признанието Најмалиот Парк во Светот во 1971. Откако
паркот и официјално станал градски парк на Св. Патрик во 1976, продолжил
да биде посебен знак за празнувањето на овој празник. Во паркот се одржуваат
секакви настани како концерти, пикник и садење на рози од страна на Фестивалот
за Рози.
[[Mill_Ends_Park]]