Овој автомобил е креација на британскиот инвентор Пери Ваткинс. Автомобилот е само 104 сентиметри висок, 129 сентиметри долг и 66 сентиметри широк. Но, ова минијатурно возило има место во Гинисовата Книга на Светски Рекорди како најмалиот автомобил кој легално може да се вози на улица.

Автомобилот има максимална брзина од 59 километри на час, и дури е опремен со безбедносен ремен. Ваткинс уште пред да започне да работи на оваа креација имал план да го создаде најмалиот автомобил на светот. Тој истражувал и се запознал со техничките детали на претходниот рекордер и со законските побарувања за конструкција на моторно возило.
Ваткинс за школката на неговиот автомобил употребил детска играчка, а шасијата ја позајмил од Shanghai Shenke четирицикл. Задните тркала и гуми се од Honda Monkey моторцикл, додека предните тркала се специјално изработени за на нив да можат да се постават гумите од мини мотоцикл од 1939 година кој бил користен од падобранските единици на британската војска. Во обид да додаде малку хумор на својата креација, автомобилот е опремен со голем ротирачки клуч со што изгледа на џиновска играчка на навивање, детал кој му го дава името на автомобилот “Wind Up”. Ваткинс не е непознат во светот на чудните возило, тој е креатор и на најнискиот автомобил во светот – “Flatmobile”. [World’s smallest car measures 26 inches wide]