Најлуксузните хотели во светот

Најлуксузните и романтични хотелски апартмани се наоѓаат на три континенти – Европа, Азија и Северна Америка.

Еве неколку предлози за луксузен меден месец или свадба:

Хотел „Њујорк Палас” го нуди својот скапоцен стан за 25 000 долари од вечер. Освен пенливо шампањско, кошница овошје и кутија чоколади, гостите во овој апартман добиваат како подарок и прстен со скапоцени камења во вредност од 2500 долари, обработен лично од златарот на ѕвездите Мартин Кац. Најскапиот пакет вклучува приватна консултација со Мартин Кац за специјален избор на накит и романтична вечера на покривот на хотелот.

 

„Џорџ V” во Париз, дел од синџирот хотели „Четири годишни времиња”, го нуди претседателскиот апартман за цена од 25 000 долари на вечер, во кои се вклучува и обиколка на градот со приватна лимузина, прошетка со брод по реката Сена, екскурзија по долината на реката Лоара, спа третмани и приватна посета на Лувр по работното време.

 

„Бурџ Ал-Араб” во Дубаи нуди и свадбени пакети. За 55 000 долари љубовниците можат да ја организираат својата свадба лебдечката платформа на хотелот, која се издига на 212 метри височина. Токму на ова игралиште Тајгер Вудс одигра партија голф, а Роџер Федерер и Андре Агаси играа тенис.

Хотелот „Претседател Вилсон” во швајцарскиот град Женева нуди ноќевања во најскапиот стан во светот – Резиденцијата. Станот е со површина од 650 квадратни метри, а ноќевањето во него чини 65 000 долари. Располага со 11 соби, библиотека, галерија, спа центар, фитнес и сауна.

 

- Реклама -