Најлуксузниот Mercedes во историјата

Ефектен концепт беше демонстриран на Автомобилската недела во Монтереј, во Калифорнија, чиј слоган е „автомобилот кој го дефинира високиот луксуз во иднината“. Така од Mercedes-Benz го претставија својот Mercedes-Maybach 6 Cabriolet.

Отворената верзија има истото 5.7-метарска шасија како оригиналниот Vision 6, истата импозантна хромирана решетка и „спуштена“ задница. Кон нив сепак е додаден кров со инкорпорирани нишки од розово злато. Задниот дел е дизајниран по инспирација од луксузните јахти, а тркалата се специјално изработени- 24-инчни со повеќе краци.

Внатре двоседот е обложен во посебна блескава бела кожа (НАПА), исплетена во диамантера жица и збогатена со копчиња на истата технологија со која се прават познатите честерфилдски фотелји. Подот е направен од специјално обработено дрво со алуминиумски додатоци. Таблата е „скромна“, само со неколку инструменти и три отвори за воздух. Сите функции на возилото може да се контролираат со гласовни команди – систем кој од Mercedes го нарекле Concierge. И пред возачот и совозачот има огромни head-up дисплеи, кои ги проектираат сите потребни информации врз ветробранското стакло. Германците вградиле исто така и биометриски сензори кои можат да откријат во какво расположение се патниците и да ја постават атмосферата на автомобилот според тоа.

Управувањето тука е доверено на четири електромотори (по еден во секое тркало кое го прави Maybach 6 целосно со погон 4х4) со вкупна моќност 740 коњски силми. Времето за забрзување од 0 до 100 km/h не e објавено, но ќе биде под 4 секунди. Од Mercedes уверуваат дека возилото ќе има автономија од над 330 километри со едно полнење. Иновативниот систем за полнење со еднонасочна струја значи дека само за пет минути на полнач можете да додадете 130 километри кон километражата.

Автоплус

- Реклама -