Најлуксузниот дом на тркала веќе може да се купи во Дубаи за „скромна“ сума од 3,5 милиони долари.
Уникатниот 12-метарски мобилен дом наречен eleMMent Palazzo, се нуди во неколку варијанти – Mobile Home, VIP Shuttle, Promotion Vehicle, MMPRO и Liberty. Од фирмата производител Marchi Mobile уверуваат дека ремек-делата на тркала ќе ги задоволат своите клиенти со практичноста и додатоците.
Секој модел на караванот е индивидуално изработен, во согласност со желбите на купувачот. Меѓу основните удобности во eleMMent Palazzo се 40-инчен телевизор со рамен екран, коктел бар, камин, спална, подно греење и сопствена тераса на покривот.