Овој необичен терен за кошарка се наоѓа во Минхен, Германија. На прв поглед изгледа како терен со стандардни димензии, кој е направен без да се дислоцираат светилките што претходно биле тука. Но, кога ќе се приближите малку поблиску, нештата изгледаат малку поинаку.
Никој не е сосема сигурне зошто бил направен чуден 3Д модел од кошаркарско игралиште, а притоа биле поставени и стандардни кошеви на двете страни. Единствено логично објаснување е дека се работи за уметничка инсталација.
Луѓето одговорни за овој проект, вака го опишале: „Кошаркарски терен со стандардни димензии беше направен на брегастиот терен зад училиштето. Стандардниот кошаркарски терен е покриен со портокалово-црвен тартан и е моделиран во 3Д како на компјутерска програма и изгледа како подлога за ролеркостер, со издигања и вдлабнатини, мирни и динамични зони. Ова резултира со парадокс помеѓу нормативните правила и анархичните промени што носат задоволство. Затоа е потребна креативност за користење“.