Патот до навистина лошо филмско чудовиште воопшто не е лесен. Прво треба да имате навистина лоша идеја, потоа да направите исклучително лош концепт, сето тоа да го поткрепите со лошо сценарио и на крајот да го реализирате со неверојатно лоши специјали ефекти.
Човек-комарец
{youtube}eUkmIlBNM8M{/youtube}
Ова неверојатно чудовиште настанало кога човек бил каснат од повеќе генетски модифицирани комарци во несреќа во лабораторија. Единствениот исклучок е што наместо да се претвори во супер херој, тој станал крволочен ѕвер.
Ледени пајаци
{youtube}LM25VV_Aq5E{/youtube}
Група научници работат на создавање нов вид пајаци (од некоја необјаснета причина) и одеднаш тие пајаци стануваат нешто сосема поинакво од замисленото, бегаат од лабораторијата и се обидуваат да ги убијат сите гости во едно блиско, планинско одморалиште… Оваа приказна можеби ви звучи познато од секој друг хорор филм сместен на планина.
Ѓаволот од Џерзи
{youtube}LciXZZKOacQ{/youtube}
Ова чудовиште всушност е демон, кој изгледа како некаков спој помеѓу лилјак и змеј. Тој избегал од карневалска трупа и тероризира едно мало градче во Небраска.
Риба Франкенштајн
{youtube}g6eD6ET-DaI{/youtube}
Логиката вели дека ако ги споите приказните од два хит филма („Пирана“ и „Франкенштајн“), тогаш би требало да добиете мега хит! Во реалноста, едноставно ќе станете предмет за потсмев.
Мега питон
{youtube}-aXi3tDBCA0{/youtube}
Настрана сите шеги кои можат да се кажат за овој филм, сигурно не сте виделе полоши специјални ефекти, дури ни на аматерските филмчиња кои се прават за YouTube.