Најлошите барања на холивудските шефови од своите асистенти

Во својата книга „До мојот асистент: Нешта што јас никогаш нема, но другите шефови ќе ти ги направат“, холивудскиот асистент Лидија Витлок, ги споделува најнепријатните, а некогаш и смешни барања на нејзините поранешни холивудски шефови.

Раскажувајќи низ смеа, што инаку би била солзи, таа издвојува неколку најдобри моменти од нејзиното работење како асистент во 2011-тата година, 3 години по дипломирањето на Јеил и преселбата во Лос Анџелес.

ToMyAssistant-CoverImage

„Имав шеф што еднаш ми се развика бидејќи путерот што беше вклучен во ручекот бил премногу топол. Изгледаше како да е во врвот на гневот. Од тогаш, секој ден морав да го стиснам пакувањето за да проверам дали е со потребната температура.“, се сеќава таа.

Исто така, таа раскажува дека познавала друг асистент што ја имал најневообичаената задача, дури до ниво на урбана легенда, што некој асистент можел да ја добие. Тој морал да однесе примерок од изметот на кучето на шефот, на ветеринар, поради преглед. „Било страшно. Единствено полошо нешто ќе било ако изметот бил од неговиот шеф лично!“, вели Витлок.

Многубројните приказни, покрај од своето искуство, Лидија ги собирала и од колеги со слична судбина, а пред да ја издаде книгата, ги објавувала на својот блог. Вели дека ги пренела на хартија бидејќи сметала дека има приказни што не се за на Интернет.

Како и да е, во книгата често се обраќа од прво лице, како порака кон своите асистенти кога таа би била шеф.

Get-Your-Boss-Fired-Step-7

„Откако мојот личен тренер, кој патем зема многу поголема плата од твојата, ќе ми закачи педометар (направа што мери чекори) и ќе ми даде задача да направам одреден број чекори во денот“ – пишува таа кон својот иден асистент, „нема да те натерам ти да го носиш и да трчаш кругови околу куќата, додека јас седам и јадам храна од ексклузивен ресторан.“

Во следното обраќање вели: „Кога шефот на мојот омилен ресторан ќе ја тргне мојата омилена салата од менито, нема да те подложам на 20-минутно викање, претпоставувајќи дека таквата трагедија е предизвикана од недостаток на телефонски манири додека си ја закажувала вечерата.“

И уште: „Нема да ти се лутам по вечерата во одреден ресторан што си ми го препорачала, ако таму го сретнам мојот најголем бизнис ривал, и нема да ти се дерам дека требало да знаеш подобро од тоа“.

По објавувањето на книгата оваа пролет, Витлок е на црната листа на холивудски асистенти, но таа воопшто не се кае. „Ја напишав книгата за да ги забавувам асистентите, не за да ги понижам нивните шефови. Најважно ми е моите колеги да ја прочитаат и да се насмеат,но и да не се чувствуваат осамено со своите проблеми.“

- Реклама -