Замислете на интервју да ве пречека тој што ќе ве интервјуира, да ве фати за рака и да ве одведе до местото каде што ќе се одвива разговорот. А замислете потоа да доживее срцев удар. Како ќе реагирате? Смирено? Тогаш сте совршени за Hеineken.
Гај Лухтинг „победи“ 1 734 апликанти и беше ангажиран за настан спонзориран од оваа холандска фирма. Како резултат на тоа, ова момче го претставува брендот на Лигата на шампиони.