Убавата 31-годишна актерка во „Late Late Show“ на водителот Џејмс Корден ја откри среќната вест.
Мила Кунис конечно признала дека таа и нејзиниот долгогодишен партнер, и колега од серијата „Луди 70-тти“, Ештон Качер се венчани.
Водителот на емисијата Џејмс Корден ја наведе Мила да признае дека е мажена за Ештон, а дури успеа и да ја убеди на публиката да го покаже својот веренички прстен.
Мила долго време не сакала да одговори на прашањето дали е мажена, туку постојано одговарала со „можеби“.
Но, водителот инсистирал на тоа да одговори дали „е мажена или не“, а на крај речиси ја примора да го покаже прстенот. Мила поцрвенела, но знаела дека нејзината тајна е откриена.
Двојката пред шест месеци ја доби ќерката Вајат Изабела, а гласините за брак ги предизвика самиот пар со честитка за Нова година објавена на Инстаграм, кога се потпишале како „семејство Качер“.