Во светот на фудбалот не се врти сè околу топката.
Често се пишува за приватниот живот на фудбалерите, невните модни изразувања, а овој пат на мета на критиката се најдоа нивните „промотивни“ фризури. Да видиме кој оставија најмногу впечаток:
Косата на најпопуларниот бразилски фудбалер, Нејмар, е насекаде. Додека еден дел од неа е нагоре, друг дел паѓа над челото, избричен дел на страна во комбинација со лошо осветлени прамени формира… хаос!
Најдобриот фудбаелр на светот Кристијано Роналдо се најде во центарот на вниманието поради својата фризура, но набрзо се дозна дека избричените линии на неговата глава (во знак на поддршка) се исти како на болното дете Ерик Ортиз Круз, кое минатата недела било оперирано од тумор на мозокот.
Португалскиот репрезентативец Раул Меирелес кој лесно се вклопи во хипстерскиот стил во источен Лондон, има најдобра брада на Светското првенство. Но, многумина сметаат дека треба да поработи на својата фризура.
Скратените долги прамени на Лука Модриќ имаат многу повеќе гласови отколку оваа кратка фризура, која не му стои добро.
Бразилскиот репрезентативец Дани Алвес се одлучил за погрешна нијанса. Наместо руси прамени, на главата има малку сива боја.
Се крена голема прашина на итернет кога почнаа гласините дека Давид Луис ја скратил својата кадрава коса. За среќа (или за жал) тоа не е вистина.
Не сме сигурни дали траката која ја носи на глава фудбалерот Беноит Асоу-Екото е во функција да ја спречува косата од паѓање врз челото или е само моден детаљ. Но, сигурно би сакале да ја нема.
Американскиот репрезентативец Кајл Бекерман можеби е обожавател на Боб Марли, но овие суканици едноставно не функционираат.
Аргентинскиот судија Нестор Питан кај модните критичари би заработил црвен картон поради оваа мрсна коса. Останува само некој да му го сокрие тој чешел со големи забци.