Филмовите кои се снимаат според приказните од видео игрите речиси никогаш не излегуваат како добри производи. Можеби затоа што сценаристите се мрзливи, можеби затоа што се трудат да ги направат сцените слични на оние од игрите, а можеби затоа што тие приказни никогаш не биле наменети да функционираат на големото платно. Следува листата на најлошите филмови базирани на видео игри.
Филмовите кои се снимаат според приказните од видео игрите речиси никогаш не излегуваат како добри производи. Можеби затоа што сценаристите се мрзливи, можеби затоа што се трудат да ги направат сцените слични на оние од игрите, а можеби затоа што тие приказни никогаш не биле наменети да функционираат на големото платно. Следува листата на најлошите филмови базирани на видео игри.
Super Mario Brothers (1993)
Ова е филмот кој ја започна серијата филмови направени според видео игри. Можеби е и очекувано што воедно, ова е и убедливо најлошиот таков филм. Џон Легизамо е отприлика половина од природната величина на Луиџи и не може да порасне мустаќи, без разлика колку силно и да го посакува тоа. Дополнително, костимот на Денис Хопер изгледа како да го украл од некое дете на улица, за денот на вештерките.
Double Dragon (1994)
Во овој филм играат Скот Вулф, пред да стекне слава со „Party of Five” и Роберт Патрик откако стана мега ѕвезда во „Терминатор“. Во суштина, се работи за полош филм од оној за италијанските браќа само во делот на приказната. Играта на која се базира, никогаш и немала приказна, освен клише заплетот во кој негативците ја грабнуваат девојката. Недоволно за да се направи убедлива приказна.
Street Fighter (1994)
Во листата на актери што се појавија во Street Fighter ги имате: Раул Хулија, еден од подобрите актери на своето време, Жан-Клод ван Дам, шампионот во кик-бокс и поп ѕвездата Кајли Миног. Со самото нивно присуство, би очекувале барем добра продукција и покрај лошата приказна. Но, би згрешиле. Филмот изгледа како очајно лош маскембал! Можеби затоа дури и пародиите знаат да бидат поинтересни од самиот филм.
Wing Commander (1999)
Критичарите го оценија овој филм како „толку лош, што е одговорен за почетокот на крајот на кариерата на Фреди Принц Јуниор“. Што друго да се додаде?
House of the Dead (2003)
Уште еден филм базиран на видео игра за која не е потребно многу мозочна енергија. Сценаристите и режисерот буквално го сфатиле ова, па не употребиле многу мисли при создавањето на филмот. И тој делува како да нема приказна!
Alone in the Dark (2005)
Вториот последователен филм на германскиот режисер Ув Бол, со далеку поголем буџет и поголеми ѕвезди (Кристијан Слејтер, Тара Рид), беше подеднакво голема катастрофа како и “House of the Dead”.
Dead of Alive (2006)
Филм без заплет, акција без причина и Џејми Присли како борач?! Брус Ли сигурно се превртува во гробот секогаш кога излегуваат вакви филмови.
Bloodrayne (2006)
Трето по ред промашување на Ув Бол! Овојпат, со Бен Кингсли во една од улогите. Се прашувате колку бил лош филмов? Номиниран бил за дури 6 Златни малинки!
Silent Hill (2006)
Ова е еден од ретките филмови базирани на видео игра што во првиот викенд на прикажување заработи доволно пари за да биде број 1 на листата на најгледани филмови. Тоа е така зашто визуелно, филмот изгледа одлично, продукцијата е речиси беспрекорна, но она што го прави лош филм е што е толку збунувачки што на моменти, дури и најпосветените фанови на играта не можат да ја следат приказната.
In the Name of the King (2008)
Четвртиот, легендарен неуспех на Ув Бол, евтината верзија на „Господарот на прстените“, привлече некои од поголемите филмски ѕвезди како Реј Лиота и Берт Рејнолдс. Но, како што многу пати до сега се покажало, големи актерски имиња не гарантираат добар филм.