Хрватскиот тим одигра речиси перфектно, особено во офанзивата, што по само неколку минути им донесе двоцифрена предност (15-5) како најава на крајниот исход. Задарските кошаркари продолжуваа да мелат од сите позиции, па воопшто и не зачудуваше што кон средината на вториот период веќе имаа плус 20 (42-22), а полувремето го завршија со неверојатни 57 постигнати поени.