Банана диетата стана многу популарна ширум светот затоа што помага да се ослободите од вишокот килограми на здрав начин.
Диетата е дело на Јапонецот Хитоши Ватанабе кој уверува дека станува збор за наједноставната, а воедно и за најефективната диета.
Тој објаснува дека е потребно секое утро да изедете една банана и да испиете една чаша вода, а во текот на денот може да се јаде нормалната ужина, ручек и вечера.
Додека трае диетата не смее да се консумира алкохол, сладолед и други десерти по ручекот и вечерата. Во текот на целиот ден потребно е да се пие вода чија температура е еднаква на собната.
Нутриционистите тврдат дека не се работи за чудотворна диета, туку станува збор за начин на исхрана кој подразбира нискокалоричен оброк и помага во забрзување на метаболизмот.
Бананата содржи максимално 135 калории и 10 до 20 грама шеќер, но е сиромашна со целулоза (од 2 до 4%), па нема посебно да ве засити и ќе бидете гладни во наредниот час или два.
Нутриционистите предлагаат доработена верзија на овој појадок, односно да испасирате банана и да ја помешате со неколку коцки мраз и чаша јогурт, што ќе ги дополни корисните влакна и ќе ве одржи сити.