Француското издание на списанието. “Вог” (Vogue) нè враќа во 90-тите години на минатиот век, потсетувајќи не на дел од легендарните визии на “Шанел” (Chanel), кои денес се не само амблем на една деценија, туку и дел од историјата на модата.
90-тите години на XX век остануваат во модната историја и како ерата на топмоделите. На фотографиите подолу ќе видите неколку омилени лица на “Шанел” како Клаудија Шифер, Линда Еванџелиста, Наоми Кембел, Кејт Мос, Хелена Кристенсен, Карен Мулдер, Јасмин Гаури, Карла Бруни …